вторник, 22. септември 2020. Вести денес: 118
home Фудбал

Мурињо: Манчестер Јунајтед веќе нема шанси за титулата, но може да стигне до четврто место

Мурињо: Манчестер Јунајтед веќе нема шанси за титулата, но може да стигне до четврто место

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, очекува неговиот тим да биде на четвртото место на англиското првенство во сезоната. Педесет и пет годишниот португалски експерт вака ги проценувал изгледите на неговиот тим по поразот од Ливерпул во 17. круг на Премиер лигата.

Јунајтед со 26 поени го зазема шестото место. Тимот бележи најлоши резултати во првите седумнаесет руни во последните 28 години.

– Дали Манчестер Јунајтед може да го освои шампионатот во Англија? Се разбира, не. Иако нашиот тим се уште има шанси за четвртото место. Не е лесно, но сигурно ќе бидеме меѓу првите шест, вели Мурињо.

МИА

Коронавирус