сабота, 25. мај 2019. Вести денес: 93
home Фудбал

Мурињо: Ливерпул ќе биде фаворит, ако Барса игра без Меси

Мурињо: Ливерпул ќе биде фаворит, ако Барса игра без Меси

Поранешниот ментор на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, даде своја прогноза за полуфиналната битка помеѓу Барселона и Ливерпул во Лигата на шампионите.

– Ако Барселона игра без Меси, можам да кажам дека Ливерпул ќе биде фаворит. Но Барса со Меси … Меси е Меси, нема како да го контролираш. Ако тој ја добие топката и играат еден против еден, тоа е крај. Мене никогаш не ми се допаѓала одбрана „еден против еден“ на Меси, изјави Португалецот.

Барселона го пречекува Ливерпул во првата полуфинална битка во ЛШ на 1 мај, а реваншот ќе биде на 7 мај во Ливерпул.