недела, 13. октомври 2019. Вести денес: 105
home Фудбал

Мурињо ќе седне на местото на Зидан во Реал Мадрид?

Мурињо ќе седне на местото на Зидан во Реал Мадрид?

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан реагираше на информациите за неговото евентуално разрешување. Според извештаите на медиумите, тој може да биде заменет со Жозе Мурињо, кој веќе го водеше Мадрид од 2010 до 2013 година.

– Се чувствувам сигурен, иако веќе пишувате како да ме отпуштиле од Реал Мадрид. Не сакам да размислувам за заминување и фокусиран сум на мечот со Севилја. Може ли Мурињо да ме замени? Овие гласини не ми пречат. Реал Мадрид е клуб каде, по првиот пораз, тренерите почнуваат да бидат разрешувани. Тоа е новинарска работа, вели Зидан за „Марка“.

По четири кола во првенството на Шпанија, Реал Мадрид го зазема 4. место со 8 бода. Натпреварот Севилја- Реал е закажан за утревечер со почеток во 22 часот.