вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 93
home Фудбал

Мурињо ќе пазари во Порто

Мурињо ќе пазари во Порто

Англискиот клуб Манчестер Јунајтед е близу до потпис со фудбалерот на Порто, Диого Далот, пренесуваат британските медиумите

Далот има 19 години и игра на позицијата десен бек. Во договорот има откупна клаузула од 20 милиони евра.

Тренерот на Јунајтед Жозе Мурињо смета дека младиот репрезентативец на Португалија ќе биде вистинско решение како резерва за Антонио Валенсија.

Контактот меѓу двата клуба веќе е воспоставен и, како што се наведува, само е прашање на време кога трансферот ќе биде реализиран. Далот е член на резервниот тим на Порто, а за прв пат дебитираше во октомври и играше на осум првенствени натпревари.

Неговото доаѓање би требало да значи дека Матео Дармијан сигурно ќе оди во Јувентус. Неизвесна е судбината на Дејли Блинд и Маруан Фелаини.

Јунајтед во летниот преоден рок ќе се обиде да ги доведе бразилскиот играч за врска, Фред, како и стоперот на Тотенхем, Тоби Алдервејрелд.

Коронавирус