петок, 7. август 2020. Вести денес: 111
home Фудбал

Мурињо ќе го засилува нападот на Тотенхем со играч на Наполи

Мурињо ќе го засилува нападот на Тотенхем со играч на Наполи

Тотенхем ќе се обиде да го земе напаѓачот на Наполи, Аркадиуш Милик, како конкурент во нападот на топ стрелецот на тимот, Хари Кејн. „Спарси“ се подготвени да го испратат Лукас Моура во спротивна насока за да го земат полскиот стрелец.

Жозе Мурињо гледа во 26-годишниот напаѓач на Наполи како потенцијална замена за Хари Кејн, доколку капитенот на англиската репрезентација го напушти клубот во текот на летото. Португалскиот менаџер сепак се надева дека Кејн ќе остане и дури смета дека тој и Милик можат да формираат добро партнерство во нападот на тимот.

Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис е фан на Лукас Моура, па дури и сакаше да го привлече во тимот минатата година, но трансферот го блокираше тогашниот тренер на „петлите“, Маурисио Покетино. Конечен збор за овој трансфер сепак ќе го има Милик, но се очекува да биде постигнат договор меѓу Тотенхем и Наполи.

Договорот на напаѓачот на „небесносините“ истекува во летото 2021 година и Полјакот нема намера да го обнови. Од доаѓањето во Наполи од Ајакс во 2016 година, Аркадиуш Милик има 114 натпревари и 47 голови за тимот, откако постигна 13 голови за тимот на Џенаро Гатузо оваа сезона. (МИА)

Коронавирус