понеделник, 10. мај 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Мурињо: Ја заслуживме победата

Мурињо: Ја заслуживме победата

Тренерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо изјави дека е задоволен од играта, откако неговиот тим обезбеди место во финалето на ФА Купот со победата над Тотенхем на „Вембли“ со 2:1.

– Ја заслуживме победата, бевме подобар тим. Многу добро бевме организирани, ја контролиравме играта, иако тие имаа поголем посед на топката, нагласи Мурињо.

Тој се пожали дека има многу критики во јавноста на нивна сметка.

– Играме трето финале во последните четири години и тоа е големо постигнување за клуб кој во последните неколку години е далеку од врвот. Мислам дека премногу не критикувате, нагласи тренерот на Јунајтед.

Финалето од ФА Купот ќе се игра на 19 мај на „Вембли“, а противник на Манчестер јунајтед ќе биде подобриот од натпреварот меѓу Челзи и Саутемптон.

Коронавирус