сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 91
home Фудбал

Мурињо ја напаѓа Шкендија со триото Кејн, Сон, Бергвајн – Познат составот на Тотенхем (ФОТО)

Мурињо ја напаѓа Шкендија со триото Кејн, Сон, Бергвајн – Познат составот на Тотенхем (ФОТО)

Англискиот премиерлигаш Тотенхем е пречката за Шкендија, единствениот преостанат македонски претставник во европските купови, на вечерашната пресметка на арената „Тодор Проески“ за пласман во плејоф колото од Лигата на Европа. Јасно е дека Тотенхем е огромен фаворит, а Жозе Мурињо воопшто не ја потценува Шкендија и ќе тргне со пеколен состав, речиси и најдобриот што го има во моментот, без новите засилувања Герет Бејл и Серхио Регуилон кои и не допатуваа во Скопје.

На голот ќе биде Хуго Лорис, на страничните позиции ќе играат Мет Доерти и Бен Дејвис, а централни стопери се Тоби Алдерверелд и Ерик Даер.

Во средниот ред како дефанзивни играчи за врска ќе бидат поставени Хари Винкс и Пјер-Емил Хојбјерг, пред нив ќе цилкулира Деле Али, кој добива шанса по неколку меча пауза, а на крилните позиции се Хјонг – Мин Сон и Стивен Бергвајн. Најистурен во нападот е капитенот на англиската фудбалска репрезентација и еден од најдобрите напаѓачи во Европа, Хари Кејн.

Мечот меѓу Шкендија и Тотенхем е закажан за 20 часот, на арената „Тодор Проески“ во Скопје.

Коронавирус