сабота, 21. јули 2018. Вести денес: 38
home Фудбал

Мурињо го пофали Погба за неговата зрелост на Мундијалот

Мурињо го пофали Погба за неговата зрелост на Мундијалот

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, го пофали Пол Погба дека се покажал како „зрел фудбалер“ на Светското првенство во Русија.

Франција ја победи Белгија со 1:0 во полуфиналето и така в недела Погба и неговите соиграчи ќе се обидат да стигнат до титулата на Мундијалот 2018.

– Франција се обидуваше да ја контролира играта и тоа се случи благодарение на одличното претставување на Погба и Варан. Погба е многу зрел, го користи своето искуство, прокоментира Жозе Мурињо.

Досега Пол Погба беше стартер во пет од шесте натпревари на Франција, откако го пропушти само ремито со Данска во групната фаза.