сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 0
home Фудбал

Мурињо го одбра најдобриот фудбалер на сите времиња и ги изненади сите!

Мурињо го одбра најдобриот фудбалер на сите времиња и ги изненади сите!

Паузата во фудбалот поради пандемијата со коронавирусот ги „приморува“ новинарите да ги прашуваат играчите и тренерите најразлични работи за да го одржат интересот во јавноста, па од тоа не „куртули“ ниту Жозе Мурињо, од кого беше побарано мислење за тоа кој е најдобар на сите времиња – Лионел Меси или Кристијано Роналдо.

Одговорот на тренерот на Тотнем делумно ги изненади сите, бидејќи неговиот избор не беше од посочената двојка.

„Најдобар фудбалер во историјата е Роналдо. Вистински бразилски феномен. Никој не може да го надмине. Секако ова е за делот во талентот и квалитетот“, изјави португалскиот стратег.

Мурињо истовремено го одбра најдобриот тим фудбалери со кои работел. Во него се наоѓаат: Чех, Занети, Тери, Карваљо, Галас, Макелеле, Лампард, Озил, Азар, Дрогба и Роналдо вистинскиот.

Коронавирус