понеделник, 18. март 2019. Вести денес: 108
home Фудбал

Мурињо го одбил Перез по телефон по разрешувањето на Лопетеги

Мурињо го одбил Перез по телефон по разрешувањето на Лопетеги

Eден од најтиражните португалски весници – „Рекорд“, пишува дека Жозе Мурињо одбил да го преземе Реал Мадрид веднаш по смената на Хулен Лопетеги на крајот на октомври минатата година.

Според изданието, од „Бернабеу“ се поврзале со Португалецот, а двете страни спровеле неколку телефонски разговори. Флорентино Перез се обидувал да го убеди Мурињо да се врати во Мадрид и да го крене клубот на нозе после мрачниот престој на Лопетеги, кој траеше малку повеќе од 4 месеци.

Стручњакот сепак одбил да се зафати со работата, бидејќи пред него е стоел друг предизвик – да го исправи на нозе сопствениот Манчестер Јунајтед од тешкиот период во кој сам го внесе во последната година и половина. Оваа задача сепак така и не беше исполнета и Специјалниот беше отпуштен по поразот од Ливерпул (1:3) на „Енфилд“ во средината на декември. Потоа Мурињо беше заменет од норвешката легендата Оле Гунар Солскјер на чело на „црвените ѓаволи“.

Според информациите од последните денови, сега Мурињо е подготвен да се зафати со нова работа и не е исклучено да се врати на „Бернабеу“ во текот на летото.

Тој помина таму три години – помеѓу 2010-та и 2013-та, откако ја сопре доминацијата на Барселона во шпанскиот шампионат, ја крена титулата во Ла Лига во 2012-та, како и еден Кралски Куп (2011) и еден Суперкуп на Шпанија (2012).

Мурињо сепак не успеа да ја донесе „Десеттата“ за Реал во Лигата на Шампионите, која пак беше освоена само година по неговото заминување – со Карло Анчелоти на чело.