вторник, 23. октомври 2018. Вести денес: 104
home Фудбал

МУРИЊО ГО ИЗГУБИ ТРПЕНИЕТО: Четири ѕвезди го напуштаат Јунајтед летово, меѓу нив и најголемата

Кој е критериумот за избор на тимот? Јас знам само еден- претставата на теренот. Тоа е единствен начин на кој ги избирам играчите. Сакате да ја гледате нивната вредност, платите или можеби нивните прекрасни лица, кажа Португалецот.
МУРИЊО ГО ИЗГУБИ ТРПЕНИЕТО: Четири ѕвезди го напуштаат Јунајтед летово, меѓу нив и најголемата

Според пишувањето на Дејли Мејл, Пол Погба на лето многу веројатно ќе го напушти Манчестер Јунајтед, со оглед на тоа што веќе некое време не е во најдобри односи со Жозе Мурињо.

Се кулминираше на натпреварот против ВБА, каде Јунајтед изгуби со 1:0, а Погба беше заменет во 57 минута. Во последните 11 натпревари, Французинот останал на клупата или бил заменет дури седум пати.

Шпекулациите добија нов момент откако пред 11 дена Пеп Гвардиола откри дека Погба имал понуда од Сити во јануари оваа година.

-Не очекувам од тебе секоја недела бидеш играч на натпреварот, не очекувам секогаш да дадеш два гола, но очекувам да бидеш константен, му порача Мурињо на Погба, а беше јасен и за своите тренерски принципи:

-Кој е критериумот за избор на тимот? Јас знам само еден- претставата на теренот. Тоа е единствен начин на кој ги избирам играчите. Сакате да ја гледате нивната вредност, платите или можеби нивните прекрасни лица?, праша Португалецот.

На листата играчи кои ќе бидат слободни да си заминат, освен Погба, се и Ентони Марсијал, Матео Дармијан и Дејли Блинд.