сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 47
home Фудбал

Мурињо го доживеа најтешкиот пораз во својата кариера, првпат прими шест гола на еден натпревар! (ВИДЕО)

Мурињо го доживеа најтешкиот пораз во својата кариера, првпат прими шест гола на еден натпревар! (ВИДЕО)

Рома доживеа шокантен пораз на гостувањето кај Бодо/Глимт, загуби со неверојатни 6-1, ова за Мурињо е најтешкиот пораз во кариерата.

Денешниот меч не значеше многу за Рома, тие секако ќе ја поминат групната фаза од Конференциската лига, но тоа што се случи во Норвешка е удар за репутацијата на италијанскиот клуб и Мурињо.

Мурињо одмори дел од своите најдобри фудбалери, но Рома имаше доволно силен состав за да се носи со својот противник.

Во првото полувреме Бодо/Глимт водеше со 2-1, Перез го постигна голот за Рома, се чинеше дека италијанскиот тим ќе атакува на комплетен пресврт во вториот дел, но се случи нешто што никој не очекуваше.

Рома прими уште четири гола во второто полувреме и доживеа пораз од 6-1.

Ова беше 1008. меч на Мурињо во тренерската кариера и првпат прими шест голови.

Коронавирус