понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 122
Во живо

Протест во Свети Николе- „Оставка на Заев, слобода на народот“

home Фудбал

Мурињо го блокирал трансферот на Линделоф во Лион

Мурињо го блокирал трансферот на Линделоф во Лион

Манчестер Јунајтед нема да го продаде шведскиот дефанзивец Виктор Линделоф во Лион, соопшти француското издание „Екип“.

Трансферот на 24-годишниот играч е блокиран лично од менаџерот на „црвените ѓаволи“, Жозе Мурињо.

Линделоф игра на „Олд Трафорд“ од 2017 година, кога беше привлечен од Бенфика за 35 милиони евра плус уште 10 милиони во бонуси. Неговиот договор е до 2021 година.

Минатата сезона учествуваше на 17 натпревари откако не успеа да се воспостави во првиот тим. Се зборуваше дека и Бенфика може да го побара да се врати.

МИА

Коронавирус