петок, 30. јули 2021. Вести денес: 110
home Фудбал

Мурињо ги нападна Французите: Почнаа да слават на теренот, Дешамп направи една грешка

Мурињо ги нападна Французите: Почнаа да слават на теренот, Дешамп направи една грешка
Talk Sport Euro 2021 shoot José Mourinho Pic Richard Pelham

Жозе Мурињо како стручен аналитичар на Европското првенство им даваше најголеми шанси на Французите за освојување на трофејот, од едноставна причина што сметаше дека Дидие Дешамп може да состави два тима кои ќе бидат подобри од било која друга селекција.

Фаворитската улога сепак не беше оправдана на теренот, па така по скромните партии со Унгарија и Португалија, вчера следеше голем шок и пораз од Швајцарија кој сигурно уште долго ќе ги прогонува „триколорите“. Франција испушти предност од 3:1 во самата завршница и дозволи осминафиналето да замине во продолженија, а откако не се даде гол во овој дел од играта, во пенал рулетот подобри беа Швајцарците.

Мурињо ги нападна Французите за нивниот индолентен и славенечки однос на теренот при водство од 3:1, а му најде и една забелешка на Дидие Дешамп.

– Ова е неуспех, голем неуспех за Французите. Сепак, најголем виновник за тоа е Швајцарија, таа е голем виновник, на чело со селекторот Петковиќ кој заврши фантастична работа. Французите изгледаа опуштено на теренот, почнаа да слават предвреме на теренот. Славеа додека водеа, но се слави по крајот на натпреварот, а не за време на натпреварот.

– Лорис ја одржа Франција во игра, ако не беше тој, ќе беа надвор уште во 55-та минута. Грешка направи и Дешамп, особено пред продолжението. Знаеш дека има уште неколку минути и го вадиш од игра Гризман. Не може да извадите таков играч во 89-та минута кога резултатот не е решен. Дешамп погреши и го плати тоа, – вели Жозе во анализата за „Ток Спорт“.

Коронавирус