петок, 23. јули 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Мурињо емотивно: Гледав, плачев и се молев за спас на Ериксен

Мурињо емотивно: Гледав, плачев и се молев за спас на Ериксен

Кристијан Ериксен доживеа срцев удар на натпреварот меѓу Данска и Финска (0-1) на Европското првенство (СП), а драматичните сцени на теренот не оставија никого рамнодушен.

Португалскиот стратег Жозе Мурињо соработуваше со Ериксен во Тотнем, па откри дека не можел да ги запре солзите додека ја гледал реанимацијата на данскиот фудбалер.

„Гледав, се молев и плачев. Баш како и милиони гледачи ширум светот затоа што фудбалот во такви ситуации ги обединува луѓето. Мислам дека имаме причина за прослава, а не за тага. Фудбалот достигна ниво кое има одлична организација, како и врвни доктори покрај теренот. Тоа му помогна на Ериксен да преживее. Тоа ја покажува добрата страна на фудбалот“, вели Мурињо.

Коронавирус