сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 67
home Фудбал

Мурињо е блиску до враќање во Англија – ќе води трет тим од Премиерлигата!?

Мурињо е блиску до враќање во Англија – ќе води трет тим од Премиерлигата!?

Еден од најконтроверзните тренери, Жозе Мурињо е подготвен да се врати во Премиерлигата, кадешто претходно ги предводеше Челси и Манчестер јунајтед, а сега би можел да предводи и трета екипа во Англија.

Англиски „Сан“ најави дека 56-годишниот стратег е заинтересиран да води уште еден клуб од Премиерлигата, а станува збор за Арсенал.

Тренерот Унај Емери не може да фати ритам со своите избраници, па тие се наоѓаат во моментов на петто место и имаат проблеми, а токму Мурињо би можел да биде решението за екипата.

Во претходните недели се шпекулираше дека Мурињо ја следи ситуацијата и во Тотнем, кој исто така е во голема криза.

Коронавирус