недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 74
home Фудбал

Мурињо: Добрите резултати носат самодоверба

Мурињо: Добрите резултати носат самодоверба

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо рече дека подобрувањето на одбраната на тимот се должи на целиот тим, а не на индивидуалните играчи.

– Тимот се справува со проблемите во одбраната подобро од порано. Не сакам да кажам дека причината беше во Баји или Џонс, а сега играат Смолинг и Линделоф. Мислам дека тимот како целина е солиден – духот, комуникацијата, меѓусебната помош, сето ова е подобрено, а добрите резултати носат самодоверба, изјави Португалецот.

Утре „црвените ѓаволи“ ќе се соочат против повратникот во елитата Вулверхемптон, а „волците“ се полни со сонародници на Жозе. Менаџерот, повеќето играчи и луѓе од штабот се Португалци, а главен фактор во клубот е агентот на Мурињо – Жорже Мендеш.

Сепак, тренерот на Манчестер Јунајтед изјави дека не разговарал скоро со него.

– Искрено, не сум зборувал со него долго време. Кога зборуваме, не зборуваме за мојата работа или неговата. Тој ми е агент и тоа е. Во Вулверхемптон се работи добро, не само поради португалското влијание. Се привлекуваат вистинските луѓе – имаат добри млади играчи, но и добри искусни фудбалери. „Волвс“ доминираа во Чемпионшип дивизијата минатата сезона. Тие ќе имаат многу стабилна сезона во Премиер лигата и многу помалку проблеми од оние кои обично ги имаат повратниците, изјави Мурињо.

Јунајтед ќе биде без Маркус Рашфорд и Немања Матиќ утре, кој ќе го пропушти натпреварот поради казна. Двајцата играа против Јанг Бојс во текот на неделата, кога Антонио Валенсија и Џеси Лингард добија пауза. Мурињо откри дека Фил Џонс е обновен од повреда и достапен, а Андер Ерера е близу до враќање, но сé уште не е подготвен. (МИА)

Коронавирус