петок, 25. септември 2020. Вести денес: 51
home Фудбал

Мурињо доби сериозна понуда од Македонија

Мурињо доби сериозна понуда од Македонија

Третолигашот од Кочани, Осогово е апсолутен хит на Балканот, по испратената „понуда“ кон фудбалскиот стручњак, Жозе Мурињо. Тие преку Твитер налог го поканија екс-менаџерот на „ѓаволите“ да дојде во Кочани и да го води нивниот тим.

Како што истакна генералниот секретар на Осоговор, Симеончо Стоиков, клубот испратил и официјален мејл кон неговиот фудбалски агент, Жорже Мендеш.

„Официјално преку мејл го контактиравме фудбалскиот агент на Мурињо, господинот Жорже Мендеш и сега очекуваме одговор дали ќе ни врати. Ние се надеваме дека Мурињо ќе прифати. Ако не верувавме дека ќе прифати, немаше да му испратиме понуда. Имаме средства. Во таа насока, нашата управа преговара со неколку странски и домашни компании, со цел да се зголему буџетот за пролетниот дел од сезоната. Би го научил македонскиот јазик, би ги запознал убавините на Кочани“, рече Стоиков во разговор за 1 ТВ.

Коронавирус