среда, 20. март 2019. Вести денес: 86
home Фудбал

Мурило задоволен од дебито во Барселона и покрај поразот од Леванте

Мурило задоволен од дебито во Барселона и покрај поразот од Леванте

Одбранбениот фудбалер Џејсон Муриљо кажа дека е задоволен од своето деби во тимот на Барселона и покрај поразот од Леванте во осминафиналето од шпанскиот куп (1: 2).

Колумбиецот синоќа на гостувањето во Валенсија ги одигра сите 90 минути.

– Задоволен сум од моето деби. Ќе ми треба време да се навикнам на стилот на игра на тимот, моите соиграчи и тренерот, но работам на овие аспекти. Голот што го постигна Кутињо може да биде вреден за нас, бидејќи следува реваншот на наш терен. Се надевам дека сè ќе биде во ред на „Камп Ноу“ и ние ќе се пласираме во следната фаза.

Леванте за кого не настапи македонскиот репрезентативец Енис Барди, до 85.минута водеше со 2:0, а конечниот резултат го постави Кутињо од пенал. 

МИА