среда, 4. август 2021. Вести денес: 55
home Фудбал

Му се поклони цел свет откако го спаси Ериксен, а сега се огласи лично – Ова е пораката на капитенот Кјаер

Му се поклони цел свет откако го спаси Ериксен, а сега се огласи лично – Ова е пораката на капитенот Кјаер

Репрезентациите на Данска и Белгија денеска со почеток во 18 часот ќе го одиграат натпреварот од второто коло од Европското фудбалско првенство.

Данска на теренот ќе излезе без Кристијан Ериксен кој на првиот натпревар доживеа срцев удар на теренот, а според најавите на денешниот меч, играта ќе биде прекината во 10-тата минута во знак на негова поддршка.

Она што даде позитивно светло во целата несреќата со Ериксен, беше реакцијата на капитенот на Данска, Симон Кјаер кој прв му пружи помош на Ериксен, им рече на соиграчите да направат обрач околу него за да се почитува неговата приватност, а потоа отиде до неговата сопруга да ја утежи, да и пружи поддршка и да увери дека Кристијан е жив.

Денеска, Кјаер ќе истрча на теренот со Данците, но пред натпреварот испрати јасна порака.

-Ова беа неколку посебни денови, каде фудбалот не беше најважната работа. Шок, што ќе биде дел од мене – дел од сите нас – засекогаш! Единственото нешто што е вистински важно е дека Кристијан е во ред. Горд сум на тоа како реагиравме како тим и како стоевме заедно во овие тешки моменти. Јас сум трогнат и многу сум благодарен за целата поддршка. Денес, ќе влеземе на теренот против Белгија со Кристијан во срцето и мислите. Тоа ни дава мир во нашите умови и ни овозможува да се фокусираме на фудбалската игра. Ќе играме за Кристијан, и како и секогаш за цела Данска. Тоа е најголемата мотивација за сите нас. Како и секогаш: ќе дадеме се од себе, порача Кјаер.

Коронавирус