понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 119
home Фудбал

Мрме ќе ја води Македонија на Европското првенство

Мрме ќе ја води Македонија на Европското првенство

Во наредните денови ФФМ и Игор Ангеловски и официјално ќе постигнат договор тој да остане селектор на Македонија заклучно со настапот на Европското првенство.

Игор Ангеловски сепак ќе остане селектор на Македонија и за време на Европското првенство. Наскоро се очекува тоа да биде и официјализирано.

Се создаде непотребен вакум бидејќи ФФМ одлучи да преговара со Ангеловски откако ќе му истече актуелнииот договор. Тој веќе две недели е без работа, а Македонија без селектор. Ваквата состојба генерираше низа шпекулации за неговата иднина, сепак крајот ќе биде оној кој го посакува и јавноста и репрезентативците.

ФФМ на Ангеловски ќе му понуди продолжување на договорот со истите услови како и досега, односно месечна плата од 7.500 евра плус бонуси во зависност од резултатите на Европското првенство.

Селекторот Ангеловски неколку пати нагласи дека не го интересираат финансиските услови, посакува само да ја води Македонија на Европското првенство, па се очекува брзо да биде постигнат договорот со ФФМ.

Коронавирус