четврток, 28. јануари 2021. Вести денес: 1
home Фудбал

Mozzart дава најголеми квоти на свет: Челси 1,65, ФКСБ 1,70 и АЕК 1,43

Никаде на планетата нема да пронајдете повисоки квоти!
Mozzart дава најголеми квоти на свет: Челси 1,65, ФКСБ 1,70 и АЕК 1,43

Викендот е зад нас, но далеку од тоа дека нема понуда на фудбалското мени. Затоа, Mozzart и овој пат ви подготви изненадувања во вид на промо квоти кои во секој момент ќе бидат најголеми на свет!

Еве за кои натпревари се работи…

Челси – Вест Хем (понеделник, 21:00), кец 1,65

Челси направи серија од 14 натпревари без пораз и со тоа се промовираше во кандидат за титула, меѓутоа, Евертон и Вулвс го спуштија на земја. Екипата на Френк Лампард врза два пораза во првенството и се најде на осмата позиција на табелата. Затоа, градското дерби против Вест Хем им доаѓа во лош момент. Бидејќи, не само што „чеканите“ имаат само еден пораз на претходните шест натпревари, туку и против Челси традиционално поминуваат добро во последно време. На претходните шест меѓусебни дуели, екипата на Дејвид Мојс е поразена само еднаш, впиша три победи, додека пак, останатите два натпревари завршија нерешено. Притоа, на три натпревари во тој период Челси не успеа да ја затресе мрежата на Вест Хем. Сепак, доколку мислите дека дојде крај на маките на „сините“ против градскиот ривал, Mozzart за победа на екипата на Френк Лампард нуди најголема квота на свет – 1,65. Пробајте некаде да најдете поголема!

ФКСБ – Сепси (понеделник, 19:30), кец 1,70

Делува дека ФКСБ (Стеауа) е решена сезонава да го прекине петгодишниот пост и конечно да седне на тронот на романскиот фудбал, кој веќе три години Клуж љубоморно го чува. По 14 одиграни кола клубот од Букурешт е далеку најефикасна екипа, со повеќе од 1,5 постигнати голови по натпревар. Затоа и не чуди дека во моментов ја држи лидерската позиција со 11 победи и три порази, од кој во последните девет кола впишаа само еден, против Клуж, минатата недела. Сепси е исто така при врвот, на високата четврта позиција, со само два пораза во првенството. Првиот пораз го доживеаја уште во премиерата на стартот на новата сезона, а потоа во следните 13 уште само еден. ФКСБ традиционално лесно излегува на крај со денешниот ривал. Од последните пет меѓусебни дуели, само еден е реми без голови, преостанатите четири ги доби денешниот домаќин. Доколку верувате во продолжување на традицијата, Mozzart за триумф на ФКСБ нуди квота 1,70 – најголема на свет!

АЕК – Волос (понеделник, 18:30), кец 1,43

АЕК конечно искочи од серијата тешки и исцрпувачки натпревари. Од почетокот на декември, тимот од Атина се сретна со Панатинаикос и Олимпијакос во првенството, Лестер и Брага во Лига Европа и овој мини-циклус го заврши и не така успешно. Непоразен остана само против Олимпијакос, додека единствен триумф во последниот месец од 2020 година го впиша минатата недека против Смирнис, три дена пред дуелот со грчкиот шампион. И покрај тоа, АЕК не котира лошо во првенството, бидејќи на стартот на сезоната беа фантастични. Неуспехот против Панатинаикос беше само втор во првенството и атинскиот клуб во моментов се наоѓа на четвртата позиција, со епитетот на втора најефикасна екипа во шампионатот. Волос пак, од друга страна, се наоѓа во долниот дел на табелата, кој на крајот на лигашкиот дел води во плеј-аут. Гостите се во незапирлив пад, на победа чека скоро полни два месеци, односно на седум лигашки натпревари. Иако, во овој период беше само два пати поразен, а на само еден натпревар од вкупно седум не ја затресе противничката мрежа. Јасно е, одбраната е нерешлив проблем за Волос. Двете екипи се сретнале четири пати и секој пат АЕК излегувал како победник на овие дуели. За продожение на победничката низа, Mozzart на победа на домаќинот нуди најголема квота на свет – 1,43!

Уживајте во фантастичните натпревари и заработите во Mozzart.

* Квотите се подложни на промени, но во секој момент во Mozzart ќе бидат најголеми на свет

Коронавирус