сабота, 26. септември 2020. Вести денес: 0
home Фудбал

Можен Боксинг деј и во Франција

Можен Боксинг деј и во Франција

Претседателот на Амиен, Бернар Жоан изнесе предлог да се играат натпревари на Божиќ во Француското фудбалско првенство со цел да се надополнат сите одложени средби.

– Во Англија има Боксинг деј. Дали и во Франција не е добро да направиме таков потег поради одложените натпревари, нема ли да има и добар маркетиншки ефект?

За потсетување, во француската Лига  натпревари од неколку круга беа одложени поради протестите на „жолтите елеци”. Само три екипи ги одиграа сите свои натпревари, Стразбур, Рем и Лил.

Во шампионатот во Франција секогаш постои тринеделен прекин поради претстојните празници. Оваа година 19.круг е закажан за 22 декември, а 20. на 12-ти јануари.

МИА

Коронавирус