Едно од главните прашања за овогодинешниот Мундијал е дали Златан Ибрахимовиќ ќе игра во Русија.
Тој сака, но има и такви кои не сакаат.
Голманот на репрезентацијата на Шведска, Карл-Јохна Џонсон смета дека неговиот тим може да игра без Златан и оти неговото присуство ќе ја расипе хемијата меѓу играчите.
-Мислам дека можеме добро да пројдеме во Русија зашто успеавме да се пласираме на СП и без него. Меѓутоа, одлуката нормално е на селекторот. Сигурен сум дека ако ни се придружи ќе игра добро. Како екипа играме како колектив, сите играчи заедно. Со Златан како играч кој е индивидуалец, играта се врти околу него. А без него играме повеќе како тим, рече Џонсон.