недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Може ли Мурињо да ја преземе Барселона?

Може ли Мурињо да ја преземе Барселона?

Легендата на Барселона, Андрес Иниеста призна дека веројатноста некогаш да го видиме Жозе Мурињо на чело на Барселона се граничи на нула.

Како што е познато, поранешниот тренер на Реал Мадрид беше помошник тренер на стадионот „Ноу Камп“ во 90-тите години, помагајќи им на покојните Сер Боби Робсон и Луис ван Гал.

– Јас не сум таа личност што можам да кажам дали Мурињо ќе замине во Реал Мадрид или не. Во Барселона, мислам дека би било многу, многу комплицирано, прокоментира Иниеста.

Играчот од средниот ред ја „начна“ и сагата за Нејмар.

– Немам претстава како минаа разговорите во текот на летото и дали тој ќе се врати во Барса во иднина. Тој би бил важен играч, но не знам дали ќе се вклопат толку многу класа напаѓачи, додаде Шпанецот.

Коронавирус