сабота, 18. септември 2021. Вести денес: 34
home Фудбал

Може ли Меси на ПСЖ да му го донесе толку посакуваниот трофеј во ЛШ?

Може ли Меси на ПСЖ да му го донесе толку посакуваниот трофеј во ЛШ?

Лионел Меси вечерва ќе го има својот прв старт во дресот на Пари Сен Жермен, а неговото присуство во тимот го прави францускиот клуб еден од фаворитите за освојување на трофејот во Лигата на шампоните. Маурисио Покетино ќе го има на располагање неверојатното трио Меси – Нејмар – Мбапе, а првиот ривал е Клуб Бриж.

Барселона синоќа беше очајна без Меси против Баерн Минхен, но затоа се очекува ПСЖ да блеска по негови ноти. Францускиот клуб ја „лови“ првата титула во Лигата на шампионите.

„Не очекува тежок натпревар против Клуб Бриж. Сите едвај чекаат да видат како ќе функционира триото Меси – Нејмар – Мбапе, на тренинзите е одлично, но и јас треба да видам како ќе делува сето тоа на теренот. Сепак, ниту еден натпревар не се добива само со најави пред самиот почеток“, изјави Покетино, кој бара од ѕвездите да одиграат во согласност со реномето на дуелот против Клуб Бриж.

Коронавирус