понеделник, 22. јули 2019. Вести денес: 40
home Фудбал

Морничав план на ИСИС: Со дронови ќе сеат смрт на СП во Русија (ФОТО)

Известувачките податоци наведуваат на внимание пред Светското првенство во Русија, односно дека сите овие информации за заканите на ИСИС во Русија, мора да се сфатат многу сериозно...
Морничав план на ИСИС: Со дронови ќе сеат смрт на СП во Русија (ФОТО)

Терористичката организација Исламска држава наводно припрема нови напади и тоа нa Светското првенство кое ќе се одржи во Русија. За напади на играчи и сите кои ќе ги бодрат ќе користат дронови на кои ќе има прицврстено бомби.

Шокантните фотографии и видеозаписи објавени се на шифрираната апликација Телеграм каде се наведуваат детални планови за нападот.

Една од фотографиите покажува дронови кои носат противтенковски ракети, но и терористи кои се враќаат во Ирак и Сирија, каде што научиле да ракуваат со тие дронови, пишува Дејли Мејл.

Оваа морничава најава доаѓа откако сигурносните служби признале дека Светското првенство е можна цел на ИСИС.

Елад Езрачи од фирмата Сиксгил, изјави за Стар дека известувачките податоци наведуваат на внимание, односно дека овие информации мора да се сфатат многу сериозно.

-Ако оваа технологија ја користат за напади во текот на Светското првенство, тоа би можело да предизвика катастрофални последици, предупредува тој.