петок, 25. септември 2020. Вести денес: 0
home Фудбал

Мората призна: Сакав да си заминам од Челзи ова лето

Мората призна: Сакав да си заминам од Челзи ова лето

Напаѓачот на Челзи Алваро Мората (25) призна дека посакал ова лето да го напушти клубот од Лондон. Шпанецот бил разочаран од фактот дека не беше повикан во тимот за Светското првенство во Русија.

– Ова лето беше тешко за мене. Мислев дека ќе го напуштам Челзи. Сакав да се вратам во Шпанија или Италија. Јас се преселив во Челзи за да учествувам на Светското првенство, но не најдов место во репрезентацијата. Минатата сезона беше целосна катастрофа за мене. Излегував на теренот и не знаев каде сум, изјави Алваро Мората пред „Скај Спортс“.

Мората премина во Челзи летото 2017 година. Минатата сезона тој одигра 48 натпревари и постигна 15 гола.

Коронавирус