петок, 28. јануари 2022. Вести денес: 142
home Фудбал

Мора на нова рехабилитација: Дембеле пак се повреди

Мора на нова рехабилитација: Дембеле пак се повреди

Фудбалерот на Барселона, Осман Дембеле се здоби со нова повреда на денешниот тренинг на Барселона, па неизвесно е кога повторно ќе биде во комбинација за првиот тим.

Французинот пропушти најголем дел од сезоната 2019/20 поради проблеми со препоните, но неговото враќање во екипата на Кике Сетјен се очекуваше во текот на февруари.

Но, Каталонците соопштуваат дека Дембеле ќе продолжи на рехабилитација, откако почувствувал мала неудобност за време на денешната тренинг сесија.

Оваа сезона тој одигра само пет меча за Барселона во Примера и постигна еден гол.

Коронавирус