вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 34
home Фудбал

Монца ми дава последна шанса на Балотели

Монца ми дава последна шанса на Балотели

Извршниот директор на Монца, Адриано Галијани, изјави дека италијанскиот второлигаш ќе му даде последна шанса во кариерата на поранешниот фудбалски репрезентативец на „азурите“ Марио Балотели.

Интерес да го донесе во своите редови изминатите денови пројави и бразилскиот прволигаш Васко де Гама, но според информациите во италијанскиот печат, Балотели ја одбил понудата и претпочита да остане во родната Италија

Балотели, кој е без клуб, откако пред шест месеци му истече договорот со Бреша, треба да ги мине задолжителните медицински прегледи по што се очекува да потпише краткорочен договор со Монца до крајот на актуелната сезона.

– Имав долг разговор со Балотели и му предочив дека ова е навистина неговата последна шанса, апсолутно последна, последна шанса, изјави Галијани за „Газета дело Спорт“.

Второлигашот Монца е во сопственост на поранешниот газда на Милан и експремиер на Италија, Силвио Берлускони.

Коронавирус