вторник, 20. август 2019. Вести денес: 114
home Фудбал

Монако би можел да го замени Фалкао со напаѓачот на Севиља, Бен Једер

Монако би можел да го замени Фалкао со напаѓачот на Севиља, Бен Једер

Раководството на Монако, најде замена за Радамел Фалкао, кој најверојатно ќе го напушти тимот ова лето.

Според „Фудбал Еспања“ Монако покажува интерес за напаѓачот на Севиља, Висам Бен Једер. За него, клубот нуди 20 милиони евра плус Португалецот Рони Лопез.

Фалкао најверојатно ќе ја продолжи кариерата во Галатасарај.

Минатата сезона Бен Једер, кој утре ќе наполни 29 години, постигна 30 голови на 54 натпревари.