четврток, 9. декември 2021. Вести денес: 1
home Фудбал

Момчето кое рапуваше заедно со Халанд ги посрамоти Рома и Мурињо

Момчето кое рапуваше заедно со Халанд ги посрамоти Рома и Мурињо

Жозе Мурињо како тренер на Рома го доживеа најголемиот пораз во кариерата и тоа во Норвешка на гости кај тамошниот првак Бодо Глимдт (6-1), а еден од играчите кој блескаше на овој меч има интересна биографија и не можеше да сонува за вакво нешто.

Јунак на натпреварот беше Ерик Ботхајм кој постигна два гола и забележа дури три асистенции. Норвежанецот го водеше Бодо до неверојатна победа, можеби најголема во историјата, а 21-годишниот играч важи за голем талент.

Интересно е дека во младинските категории тој играше заедно со Ерлинг Халанд и беше негов добар пријател надвор од терените. Двајцата беа дел од рап-групата „Флоу Кингс“ во 2016 година, а исто со нив беше и уште еден играч, тоа е Ерик Тобиас Сандберг.

Од сите нив Халанд го доживеа најголемиот спортски успех, но и другите не се на лош пат…

Коронавирус