среда, 19. февруари 2020. Вести денес: 2
home Фудбал

Момче заработува 145 фунти неделно, а сега Јунајтед сака да го купи за 25 милиони

Момче заработува 145 фунти неделно, а сега Јунајтед сака да го купи за 25 милиони

Манчестер јунјатед испрати официјална понуда до Бирмингем за 16-годишниот фудбалер Џуд Белингам, а според „Скај Спортс“ висината на трансферот треба да изнесува 25 милиони фунти.

Тинејџерот е стандарден во екипата на Бирмингем, иако има само 16 години, па сезонава одигра 25 меча и постигна четири голови.

Јунајтед го гледа како идеална инвестиција за иднината, па поради тоа испратија 25 милиони фунти, па се очекува одговор од Бирмингем.

Интересно е тоа што младиот фудбалер во Бирмингем заработува само 145 фунти неделно, а таа плата сигурно ќе порасне драстично по пристигнувањето на „Олд Трафорд“.