вторник, 25. февруари 2020. Вести денес: 45
home Фудбал

Молк на трибините: Фудбалер на Лион колабираше среде натпревар (ВИДЕО)

Молк на трибините: Фудбалер на Лион колабираше среде натпревар (ВИДЕО)

Страв и молк завладеа во 20. минута на натпреварот помеѓу Лион и Тулус, откако среде акција на теренот како покосен падна Мартин Терие и едноставно повеќе не можеше да стои на нозе.

На теренот веднаш втрчаа лекарските екипи се со цел да му биде дадена прва помош, а потоа Терие беше изнесен од игра.

Од клубот соопштија дека нивниот фудбалер дошол при свест и сега се чувствува подобро, а според пишувањата на француските медиуми се работи за колабирање.