вторник, 12. ноември 2019. Вести денес: 149
home Фудбал

Моџи: Роналдо веќе потпиша за Јувентус, ги мина медицинските прегледи во Минхен

Моџи: Роналдо веќе потпиша за Јувентус, ги мина медицинските прегледи во Минхен

Поранешниот претседател на Јувентус, Лучано Моџи, кој беше еден од најскептичните италијански експерти за трансферот на Кристијано Роналдо во Италија, стврди дека Португалецот „веќе потпишал за Јувентус по медицинските прегледи во Минхен“.

-Според мене, работата е веќе завршена, трансферот е комплетно договорен. Лекарските прегледи беа во Минхен, се очекува само официјалната промоција, истакна Моџи за италијанските медиуми.

Според него, во наредните неколку дена треба да се договори отштетата што „старата дама“ ќе му ја исплати на Реал Мадрид, а потоа и официјално да се објави еден од најголемите трансфери во историјата.