среда, 20. октомври 2021. Вести денес: 178
home Фудбал

Моџи индиректно го критикуваше Алегри за ремито со Милан

Моџи индиректно го критикуваше Алегри за ремито со Милан

Лучијано Моџи во својата последна колумна за италијански медиум го анализирал дербито Јувентус-Милан, кое заврши со резултат 1:1.

Домашниот тим играше подобро во првиот дел од средбата, но подоцна Милан не само што израмни, туку можеше да стигне и до победа.

Тренерот Макс Алегри по мечот призна дека погрешил со замените, а Моџи оди во таа насока, наведувајќи до заклучок дека токму тренерските одлуки го свртеле натпреварот во корист на „росонерите“.

– Многумина сигурно ќе се запрашаат зошто во второто полувреме од игра беа повлечени Дибала, Куадрадо и Мората (иако за Шпанецот е јасно дека беше повреден), без да се помисли дека тоа ќе влијае на целиот тим.

– Тука се јавува сомнежот дека не падна играта на екипата, туку Алегри повлече преголем квалитет од теренот. Од аспект на Јувентус, заклучок е дека има напредок во играта, вели Моџи.

Локални избори 2021