вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 74
home Фудбал

Модриќ ги отфрли гласините дека застанал во одбрана на Интер

Модриќ ги отфрли гласините дека застанал во одбрана на Интер
epa06891364 Kylian Mbappe of France (R) with the best young player award and Luka Modric of Croatia with the best player award after the FIFA World Cup 2018 final between France and Croatia in Moscow, Russia, 15 July 2018. (RESTRICTIONS APPLY: Editorial Use Only, not used in association with any commercial entity - Images must not be used in any form of alert service or push service of any kind including via mobile alert services, downloads to mobile devices or MMS messaging - Images must appear as still images and must not emulate match action video footage - No alteration is made to, and no text or image is superimposed over, any published image which: (a) intentionally obscures or removes a sponsor identification image; or (b) adds or overlays the commercial identification of any third party which is not officially associated with the FIFA World Cup) EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA EDITORIAL USE ONLY

Фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Модриќ, ги отфрли гласините дека застанал во одбрана на Интер во судирот меѓу двата клуба.

Претходно, италијанскиот весник „Газета дело спорт“, објави дека хрватскиот репрезентативец сам се понудил на Интер, а не дека клубот од Милано го направил првиот контакт со него.

Според весникот, Модриќ го овластил неговиот агент да стапи во контакт со раководството на италијанскиот клуб и да преговара за трансфер, бидејќи сакал да игра со соиграчите од репрезентацијата Марсело Брозовиќ, Иван Перишиќ и Шиме Врсаљко.

– Тоа е најголемата глупост во историјата, кратко ги прокоментира Модриќ гласините дека застанал во одбрана на Интер.

Во меѓувреме Реал Мадрид поднесе тужба против Интер, бидејќи италијанскиот клуб започнал преговори со менаџерите на фудбалерот без дозвола на неговиот матичен клуб.

Преодниот рок во Италија заврши на 17 август, а сагата на хрватскиот фудбалер за евентуално негово преминување во Интер доби епилог со предлог за нов договор од Реал. (МИА)

Коронавирус