вторник, 25. февруари 2020. Вести денес: 50
home Фудбал

Многу актери може да му завидат: Фудбалерот на Феенорд ги покажа своите актерски способности (ВИДЕО)

Многу актери може да му завидат: Фудбалерот на Феенорд ги покажа своите актерски способности (ВИДЕО)

Феенорд вчера успеа да победи со 1:0 против Утрехт, но шоуто сепак го украде фудбалер на тимот на од Ротердам. Фудбалерот на Феенорд Стивен Бергес се најде во комична ситуација.

Тој покажа дека е добар актер при еден допир од противнички играч. Домашниот фудбалер падна на тревникот како да добил силен удар. Комичната ситуација беше снимена од камерите и се најде на социјалните мрежи.

Судијата не реагираше на обидот на 26-годишниот Бергес да изнуди санкција за противничкиот фудбалер.