понеделник, 24. јануари 2022. Вести денес: 64
home Фудбал

Младите фудбалери ги очекуваат средби со Фарски Острови и Ерменија

Младите фудбалери ги очекуваат средби со Фарски Острови и Ерменија

Младата македонска фудбалска репрезентација за играчи до 21 година ги започна подготовките за гостувањето кај Фарските Острови во рамките на квалификациите за Европското првенство.

Фудбалските надежи во четврток гостуваат кај Фарските Острови во рамките на четвртото коло од квалификациите за пласман на Европското првенство, а селекторот Драги Канатларовски се соочува со низа проблеми во тимот поради неиграњето на неколку стандардни првотимци.

Метју Божиновски и Стефан Чолаковски отпаднаа од комбинација поради административни Ковид-19 протоколи и ограничувања, а истите не беа во можност да допатуваат од Австралија, а поради повреда отпаднаа од комбинација Агон Елези и Енис Фазлагиќ.

Со тоа, Канатларовски упати дополнителен повик за Иван Николов од Вардар, како и Димитар Тодоровски од Работнички, а двоецот веќе се приклучи на тимот.

Младите надежи засега запишаа по еден пораз и реми по воведните две кола од квалификациската група „Х“, односно одиграа на свој терен без голови против Русија, а загубија кај Франција со убедливи 3-0. По гостувањето кај Фарските Острови, следи и гостување кај Ерменија предвидено за вторник.

 

Коронавирус