четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 30
home Фудбал

Младиот фудбалер заработува милиони, а неговата мајка е бездомник и спие во контејнери

Џул почнала да живее како бездомник пред три месеци откако се скарала со 20-годишнот Ејнсли чија вредност се проценува на 17.000.000 евра.
Младиот фудбалер заработува милиони, а неговата мајка е бездомник и спие во контејнери

Мајката на младата ѕвезда на Арсенал, Ејнсли Мејтленд-Најлс, тврди дека е бездомничка и дека е приморана да живее во метален контејнер во едно складиште додека нејзиниот син ужива во стан вреден 800.000 евра.

38-годишната Џул Најлс изјави дека фудбалерот кој заработува 33.600 евра неделно, односно 2 милиони евра по сезона, не сакал да и биде гарант за да изнајми стан каде ќе може да живее.

Мејтленд-Најлс живее во луксузен стан во Лондон со братот Корди, а мајка им е приморана да спие во мизерни услови и на студ каде сама ги минала и божиќните денови. Се храни во оближниот центар за бездомници, а преку ден најчесто седи во кафе барови или библиотеки со цел да се стопли. За туширање плаќа две евра и ги користи соблекувалните од локалниот базен.

Џул почнала да живее како бездомник пред три месеци откако се скарала со 20-годишнот Ејнсли чија вредност се проценува на 17.000.000 евра.

„Живеам во метален контејнер без прозори и теписи. Нема ни тоалет, ниту купатило. Мојот син Ејнсли може да ми купи стан со свои две неделни плати, но парите го удрија во глава и затоа сум во ситуацијата во која се наоѓам. Мојот син игра за Арсенал, а јас сум бездомник во напуштено складиште. Тоа не е дом. Знам како изгледа домот – да можеш да се истушираш, да ги измиеш забите, да седнеш во фотелја. Ми недостасува сето тоа, а најмногу семејството. Ужасно се чувствувам, сакам да знам што направив погрешно“, изјави Џул за британските медиуми.

Нејзиниот најголем страв е дека обезбедувањето во складиштето ќе сфати дека таа тука спие и дека ќе ја избрка на улица.

„Чекам сите да си одат дома, па се прикрадувам во складиштето кога е темница. Срцепарателно е. Поголемиот дел е покриен со снег, а во текот на ледените денови беше неиздржливо. Слушнав дека еден бездомник починал тука во четвртокот“, вели Џул.

Ејнсли и Корди се отселиле од заедничкиот дом додека нивната мајка била на одмор во Австралија во втората половина од 2017 година, а по враќањето едвај се слушнале по телефон.

Коронавирус