среда, 19. јануари 2022. Вести денес: 62
home Фудбал

Младинските селекции ги дознаа ривалите за наредниот квалификациски циклус

Младинските селекции ги дознаа ривалите за наредниот квалификациски циклус

Македонските фудбалски репрезентации до 17 и 19 години на денешната ждрепка ги дознаа противниците кои ќе ги имаат во квалификациите за Европските првенства (ЕП).

Македонските репрезентативци до 17 години ќе играат во групата 9 со селекциите на Франција, Исланд и Луксембург, додека фудбалерите до 19 години се сместени во групата 10 во која уште се наоѓаат Србија, Норвешка и Сан Марино.

Квалификациите ќе се играат догодина, додека Европските првенства се закажани за 2023 година.

Коронавирус