четврток, 16. септември 2021. Вести денес: 64
home Фудбал

Младинецот кој ја доби капитенската лента од Куман на првиот меч: Или ќе добијам шанса, или си одам

Младинецот кој ја доби капитенската лента од Куман на првиот меч: Или ќе добијам шанса, или си одам

Роналд Куман ги започна летните подготовки со отсуства на многу првотимци и со многу играчи кои фактички се членови на Барселона Б, но по првиот натпревар кој го одигра каталонскиот гигант ова лето, тренеро доби една јасна порака од млад фудбалер.

Барса го победи Химнастик со убедливи 4:0 на средбата на која во фокусот се најде Албанецот Манај кој постигна три гола, од кои посебно атрактивен беше оној првиот со кој беше отворен резултатот.

Покрај Манај, во листата на стрелците се запиша и офанзивниот фудбалер Алекс Коладо, кој пак се закани дека ќе си оди од „Камп Ноу“ доколку не добие место во првиот тим.

– Повеќе не се враќам во Барса Б. Или ќе останам во првиот тим, или ќе си одам од Барселона. Мој приоритет е да се изборам за место во Барселона, но веќе не можам да отфрлам било какво друго сценарио, – изјавил 22-годишниот Коладо.

Како дете кое во Барселона е од 2009-та година, Коладо лани ја носеше капитенската лента во Барселона Б, а истата ја носеше вчера и за првиот тим пред да излезе со јасна порака до Куман и раководството.

Коронавирус