сабота, 28. март 2020. Вести денес: 110
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Фудбал

Младинците одиграа 1:1 против Казахстан

Младинците одиграа 1:1 против Казахстан

Македонската репрезентација за фудбалери до 21 година, одигра 1:1 против Казахстан во натпревар од квалификациите за Европското првенсто 2021 година.

Избраниците на селекторот Благоја Милевски по првото полувреме имаа водство, откако Милан Ристовски „украде“ топка и во соло-акција од контранапад погоди за 1:0. Во вториот дел, гостите од Казахстан се спасуваа во неколку ситуации и не примија втор гол, а во 75-та минута го израмнија резултатот.

Сега „црвено-жолтите“ имаат седум бода од три натпревари, и го држат првото место. Во ноември, македонската селекција во дербито треба да гостува кај фаворитот Шпанија, а потоа ќе има нова пресметка и со аутсајдерот Фарски Острови.