понеделник, 25. мај 2020. Вести денес: 59
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Фудбал

Млад фудбалер загина летајќи змеј! (ФОТО)

Млад фудбалер загина летајќи змеј! (ФОТО)

Кајо Фелипе Сантос Силва, 21-годишниот фудбалер на бразилскиот нисколигаш Индепенденте Сао Пауло, загинал во  вторникот откако змејот кој го летал се закачил на жици од далновод, пренесе ТопСпорт.

-Со жалење ја објавуваме смртта на нашиот фудбалер Кајо Фелипе и праќаме искрено сочувство до неговото семејство и пријатели, објавија од клубот, кој игра во Кампеонато Паулиста А2, регионална лига во Сао Пауло.

Кајо Фелипе станал професионалец со тимот на Интер де Лимеира, а во кариерата играл и за Сентро Спортиво Парабаиано пред да се приклучи на Индепенденте, каде што имал постигнато 6 гола во 22 настапи оваа сезона.

Коронавирус