недела, 21. октомври 2018. Вести денес: 43
home Фудбал

Мистеријата на рускиот забранет град: Во него ќе се игра Мундијалот, а некогаш странците немаа дозвола да влезат овде (ФОТО+ВИДЕО)

Мистеријата на рускиот забранет град: Во него ќе се игра Мундијалот, а некогаш странците немаа дозвола да влезат овде (ФОТО+ВИДЕО)

Еден од градовите каде најдобрите фудбалски репрезентации ќе ги одмерат своите е Нижни Новогород, град кој некогаш се викал Горки.

Од нашиот регион на потполно новата арена, овде ќе игра Хрватска против Аргентина, а градот е еден од најмистериозните во Русија, затоа што во минатото бил забранет за странците.

Шест натпревари од Мундијалот ќе се одиграат во „рускиот забранет град“.

Првата работа која мора да ја знаете за овој град е дека бил изолиран. До пред 30 години се викал Горки и бил забранет за странците, поради една фабрика за автомобили, со име ГАЗ.

Таа фабрика во текот на Втората светска војна била приморана да произведува воена опрема и поради тоа Германците ја срамниле со земја.

100 дена им биле потребни на локалните жители потполно да ја реновираат оваа фабрика и од тогаш ова место е забранета зона.

Денеска овде работат 20.000 луѓе и станува збор за фабрика која има производство која има производство вредно милијарди.

Погледнете еден прилог од овој град: