понеделник, 27. март 2023. Вести денес: 105
home Фудбал

Мисијата Роналдо ја завршија, во торинскиот клуб спремаат нова бомба: Четири играчи го убедуваат Погба да се врати во Јувентус

Мисијата Роналдо ја завршија, во торинскиот клуб спремаат нова бомба: Четири играчи го убедуваат Погба да се врати во Јувентус

Мисијата наречена Кристијано Роналдо во Јувентус, управата на клубот ја заврши успешно, а сега се спремаат за друга акција и исполнување на уште мисија која сигурно ќе ги израдува фановите на италијанскиот великан.

Според пишувањата во медиумите, златниот француски репрезентативец Пол Погба е во редовен контакт со Пауло Дибала, Андреа Барзаљи и Џорџо Киелини.

Според информациите, тие цело време го наговараат да се врати во Јувентус. Убедувањето станало уште посилно откако за клубот потпиша Кристијано Роналдо.

Како што пишуваат медиумите има уште еден играч кој го убедува Погба да дојде во Торино, а тоа го правел веќе со месеци, станува збор за Блез Матуиди.

Едно е сигурно, лудото лето во Јувентус започна, а како ќе заврши никој не може да каже се уште.

loading...