среда, 27. октомври 2021. Вести денес: 201
home Фудбал

Мино Рајола најавува нова „бомба“ на трансфер пазарот!?

Мино Рајола најавува нова „бомба“ на трансфер пазарот!?

Фудбалскиот менаџер Мино Рајола изјави денеска дека фудбалерот на Манчестер јунајтед, Пол Погба би можел да се врати во Јувентус следната сезона.

Французинот има договор со „црвените ѓаволи“ до 30 јуни 2022 година, може да потпише преддоговор со друг клуб во јануари и да го напушти „Олд Трафорд“ како слободен играч.

– Договорот на Погба истекува во јуни, ќе разговараме со Манчестер јунајтед и ќе видиме што ќе се случи. Пол сè уште го сака Торино. Да, постои шанса Погба да се врати во Јувентус, но тоа зависи и од плановите на тој клуб – рече Рајола за „Раи Спорт“.

Јуве го донесе Погба како слободен играч во 2012 година, откако му истече договорот со Јунајтед. За „црно-белите“ одигра 178 натпревари и постигна 34 голови. Тој освои четири шампионски титули, два Купа на Италија и два Супер купа.

Францускиот репрезентативец се врати на „Олд Трафорд“ во 2016 година. Бројни европски клубови се заинтересирани за 28-годишниот фудбалер, помеѓу кои и Реал Мадрид и ПСЖ.

Н е јасно дали „Старата дама“ би имала пари да го донесе Погба, бидејќи клубот се обидува да ги намали платите и е подготвен на секој нов играч да му понуди максимум девет или 10 милиони евра годишно.

Локални избори 2021