недела, 18. април 2021. Вести денес: 88
home Фудбал

Милевски: Учеството на ЕП голем успех, одиме понатаму

Тој е задоволен од условите кои ги обезбедува ФФМ за сите селекции.
Милевски: Учеството на ЕП голем успех, одиме понатаму

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација до 21 година, Благоја Милевски како успешна ја оцени 2017 година во која „црвено-жолтите“ во различни категории имаа забележителни резултати.

– Промените во македонскиот фудбал започнаа пред Европското првенство, вклучувајќи ги најуспешните квалификации кои ги одиграа фудбалерите до 21 година, оттука веројатно започна нашиот подем. Но, јас би ја потенцирал работата во Академијата на ФФМ која дава резултати и во иднина треба да претставува наша движечка фудбалска сила. Македонија играше на Европско првенство, А репрезентацијата оствари одлични резултати, младите селекции се пласираа во Елитна рунда на УЕФА…..мислам дека оваа година е најуспешна до сега, вели Милевски.

Тој е задоволен од условите кои ги обезбедува ФФМ за сите селекции.

– Со репрезентацијата до 21 година врвот го достигнавме со настапот на ЕП во Полска, но тоа не значи дека застануваме на тоа. Условите кои ни ги овозможува Фудбалската федерација се на највисоко можно ниво и секогаш потенцирам дека се на ниво на А репрезентацијата, потенцира Милевски.

Коронавирус