петок, 18. октомври 2019. Вести денес: 107
home Фудбал

Милевски со само една измена во тимот кој ги здроби Фарските острови (ФОТО)

Милевски со само една измена во тимот кој ги здроби Фарските острови (ФОТО)

Младата македонска фудбалска репрезентација до 21 година за неполн час ќе го започне вториот квалификациски меч против Црна Гора во Подгорица во обид да ја запише втората победа, по историски рекордните 7-1 минатиот месец со Фарските острови.

И од таа победа во Скопје, селекторот Благоја Милевски направи само една промена во тимот што го започна тој меч. Го нема Филип Антовски во првиот тим, младиот фудбалер од Динамо Загреб, а на негово место е Ване Јованов, кој ќе игра како десен бек, додека Тодор Тодоровски оди на левата бековска позиција.

Останатите десетмина се исти во составот. На голот е Јанков, стопери Личина и Руфати, во средниот ред Здравковски, Атанасов и Даци, а во нападот Митровски и Чурлинов по крилни поизиции, а Ристовски како шпиц.