сабота, 16. октомври 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Милевски по поразот: Против Германија не е доволно да одиграш само едно добро полувреме

Милевски по поразот: Против Германија не е доволно да одиграш само едно добро полувреме

Македонија пред повеќе од 15.000 навивачи на „Тодор Проески“ не успеа по втор пат да ја изненади Германија. Победа од 4:0 за гостинот и прв пораз за Милевски на кормилото на А тимот.

Повредата на Адеми се чини ги наручи сите планови и концептот на игра кој го постави Милевски на почетокот од дуелот. Не одеше од помош ниту времето, дождот дополнително предизвика несигурност во играта на дел од нашите репрезентативци кои на крајот мораа да прифатат дека беа надиграни.

-Им ја честитам победата на Германија, која е заслужена. Од друга страна од првото полувреме не` можам да бидам незадоволен од нашата игра и транзиција, но не искористивме ниту еден обид, шанса. Во второто полувреме, сите четири гола беа поради наши грешки. Мислам дека момците по првиот гол паднаа физички а можеби и недоволната подготвеност на одредени играчи донесе до индивидуални грешки. Адеми и тоа како важен играч за тимот, важен играч во тактичката поставеност, по неговата замена имавме пет шест минути проблем додека Стефан фати ритам. Против Германија не е доволно да одиграш само едно добро полувреме. Ако сакаш да оствариш позитивен резултат. Тие секоја грешка ја казнуваа. На нас останува да продолжиме на начинот на кој игравме до сега, особено како првото полувреме. Ни остануваат уште два натпревари до крај, благодарност до навивачите и секако ги чекаме во уште поголем број да не бодрат на домашниот натпревар со Исланд, изјави Благоја Милевски, селекторот на Македонија.

Во следното коло од квалификациите за СП, Македонија гостува кај Ерменија а во последното коло го дочекува Исланд.

-Ние не се откажуваме од второто место во оваа група, но потсетувам дека создаваме тим кој треба да биде конкурентен во квалификациите за ЕП во 2024 година. Секоја можност што ќе ни се пружи ќе дадеме се од себе за да дојдеме до тоа второ место во Ј групата од мундијалските квалификации за Катар, додаде Милевски.

Коронавирус